Испечати

Омбре американски палачинки

Омбре американски палачинки

Состојки

  • 1 јајце
  • 250 мл. млеко
  • 200 гр. брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • прстофат сол
  • 2 лажици шеќер
  • попотреба црвена прехрамбена боја

Подготовка

Во сад за матење изматете ги јајцето и шеќерот со жица за матење, додадете ги останатите состојќи и матете додека смесата не стане мазна.
Во тава за палачинки на тивок оган додавајте по две рамни лажици од смесата, печете ја палачинката додека на површината се појават меурчиња па свртете ја со помош на кујнска лопатка да се печи и од другата страна околу една до две минути или додека не зарумени. Испечете 4 такви палачинки па во смесата додадете прстофат црвена прехрамбена боја, размешајте додека смесата не стане хомогена. Испечете 4 палачинки и додадете повторно прстофат прехрамбена боја повторете ја операцијата уште еднаш. Од смесата излегуваат 16 палачинки, со тоа треба да имате 4 нијанси на палачинки. Послужете ги толпи со овошје и прелив по желба, кај мене е со растопено бело чоколадо и рибизли.