Солено-слатка салата со калинка
Состојки
- Зрна од 1 исчистена калинка,
- 150гр ситни тестенини (школки)
- 5-7 шери домати
- 5-7 зелени маслинки со црвена пиперка,
- 1 рака сецкан магдонос
- 100гр чаден колбас
- дресинг
- 2лажици маслиново масло
- 1лажица оцет од калинка
- 1/2лажиче сенф
- 1/2лажиче мед
- 1/2лажиче сол
- 1/4лажиче свежо мелен бибер
Подготовка
Колоритна, вкусна салата-оброк е мојот денешен предлог.
Прво во загреана тава го ставаме да се запржи колбасот, кој е исецкан на мали коцки.
Оставаме на страна.
Во касерола налеваме вода, додаваме сол и ја вариме тестенината според упатството.
Ја процедуваме и оставаме да се излади.
Во сад ги соединуваме колбасот, магдоносот, шери доматите, маслинките, тестенините, зрната калинка.
Убаво промешуваме.
Во мала чашка ги ставаме сите состојки за дресинг.
Убаво матиме, промешуваме, па ја прелеваме салатата.
Соединуваме убаво и сервираме.