Чоколаден ролат со фил од батат (сладок компир) (без печење)
Состојки
- Чоколаден дел
- 60мл млеко
- 50гр шеќер
- 60гр путер
- 50гр темно чоколадо ( кај мене со кора од портокал)
- 100гр мелени суви смокви
- 100гр мешавина на мелени бисквити и ореви( кај мене беше мешавина на тостиран сончоглед, орев и малку бисквити)
- Светол дел со батат
- 70гр печен батат
- 70гр путер
- 70гр шеќер во прав
Подготовка
Предлог за многу лично и вкусно десертче.
Во касерола на оган ги ставаме да се соединат млекото, шеќерот, чоколадото, путерот.
Од кога се изедначи нека провријаат 30 секунди.
Ги тргаме на страна соединетите состојки и додаваме мелени суви смокви, оревите, бисквитите.....
Соединуваме убаво со лажица.
Оставаме малку да се подизлади смесата.
Сега во вангличка ги ставаме бататот, шеќерот во прав и путерот.
Со миксер убаво ја соединуваме смесата.
Земаме проѕирна фолија и ја поставуваме на работната маса.
Врз неа го расшпореуваме темниот дел.
Убаво израмнуваме.
Врз темниот дел го нанесуваме кремот со батат компир.
Израмнуваме.
Виткаме ролат.
Го завиткуваме убаво и го оставаме во фрижидер 1 час, за да се стегни.
Потоа сечеме на парчиња и послужуваме.