Чоко ролат со наполитанки и лешници (без печење)

Состојки
- 100гр црно чоколадо( јас користев со 70% какао маса и кора од портокал, такво имав во резерва)
 - 4лажици млеко
 - 100гр лешник наполитанки
 - 100гр мелени тостирани лешници
 - 2лажици шеќер
 - 60гр солен путер
 - Растопено чоколадо за декорација
 
Подготовка
Во мала касерола на тивок оган ги ставаме да се соединат чоколадото, млекото, шеќерот и путерот.
Кога смесата е изедначена тргаме од оган и додаваме мелени наполитанки и лешници.
Соединуваме убаво.
Врз парче фолија ја наесуваме смесата, формираме ролат и оставаме во фрижидер да се стегни 1 час.
Потоа го прелеваме со растопено чоколадо, сечиме на парчиња и дегустираме.