Палачинки со рогач и овошно полнење (посно)
Состојки
- 10 лажици полни брашно
- 2 лажици грахам брашно
- 1 лажица мелен рогач
- прстофат сол
- 300 мл кисела вода
- 1/4 лажичка пециво
- 4 лажици масло
- За фил
- 2-4 банани
- неколку лажици џем од шумско овошје
- чоколаден прелив
Подготовка
Кога подготвувам рецепти особено посни сакам да експериментирам во вкусови, така излезе и овој рецепт, палачинки со вкус на рогач...
Подготовка
Најпрво ги промешуваме сувите состојки, па ги додаваме водата и маслото. Соединуваме со миксер. Густината ја одредуваме сами во зависност од брашното што го користиме. Можно е да ни треба погуста смеса затоа што се без јајца и млеко и така поубаво се печат. Ќе видите кога ќе ја испечете првата палачинка. Таа ќе ви биде репер дали смесата ви е погодена.
Тавчето го намрсуваме ама само како тенка фолија од масло да се направи. Ставаме од смесата, распоредуваме и ги печеме палачинките една по една од двете страни.
Филуваме по желба. Јас моите ги филував со по половина банана, џем од шумско овошје и прелиени со чоколаден прелив. На здравје!