Морнарска салата - салата со школки
Состојки
- Состојки
- 400 гр школки(смрзнати)
- 1 марула салата
- 1 авокадо
- 100 гр пченка
- 20 шери домати
- За подготовка на школките
- 1/2 лимон(сокот)
- 50 мл бело вино
- сол,црн пипер
- За маринирање на салатата потребно е маслинов зејтин ,лук,лимон,сол
Подготовка
Половина час пред да се подготвува салатата, потребно е да се приготват школките. Се ставаат одмрзнатите школки на малку зејтин. Кога ќе почнат да се пржат се додава лимонот, белото вино, се зачинува со сол и црн пипер и се динста додека да испари течноста. Во едно стаклено тегличе се става 4 лажици маслинов зејтин и исечени 2 чешниња лук. И ова треба да одстои барем половина час пред подготовка на салатата.
Измиената марула се сече на парчиња, се додава сварената пченка, доматите исечени на парчиња, школките, исеченото авокадо. Се посолува,се додава сок од лимон и се полева со маринираниот маслинов зејтин. Салатата е готова, ви фали уште чаша добро бело вино.