Испечати

Брз појадок со авокадо, маслинки и сирење

Брз појадок со авокадо, маслинки и сирење

Состојки

  • 3 кришки леб
  • 3 полни лажици парченца авокадо
  • 150 гр сирење
  • 2 лажици урда
  • 2 јајца
  • 2 лажици сецкани маслинки
  • сол по потреба

Подготовка

Брз, вкусен појадок.

Во длабок сад ставете го лебот исечен на мали коцки, парченцата авокадо, дробеното сирење, урдата, сецканите маслинки, јајцата. Посолете и промешајте убаво со лажица.

Во калапот за мафини ставете корпи и полнете ги со смесата.

Печите на 200 степени неколку минути.

Добар апетит