Испечати

Смути со свежа жалфија и чиа семки

Смути со свежа жалфија и чиа семки

Состојки

  • 1 поголемо јаболко
  • 1 поголем портокал
  • 1лажиче чиа семки
  • 100-130мл вода
  • вода и мед по желба и потреба
  • 10 Ливчиња свежа жалфија

Подготовка

Во чаша ја ставаме водата и ги додаваме чиа семките.
Промешуваме и оставаме да одстои 30 минути.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме јаболкото, на кои му се одстранети семките, излупениот портокал и ливчињата свежа жалфија.
Додаваме околу 50 мл вода и убаво соединуваме.
Во чашата на нутрибулет ги додаваме чиа семките, заедно со водата, промешуваме и сервираме во 2 чаши.
Консумираме веднаш.
Денот може да започне....