Полнети топчиња со сирење(пецива)
Состојки
- 1кг. брашно
- 2 белки
- 200гр. масло
- 300мл. млеко
- 100мл. јогурт
- 1лажица шеќер
- 2лажички сол
- 40гр. свеж квасец
- 1 сув касец
- 2 жолчки
- 200гр. сирење
- 50гр. сусам или ким
- путер за премачкување
Подготовка
Разматете ги пенасто белките, додајте масло, млеко, јогурт, квасец, шеќер. Додајте брашно и сол. Замесете и оставете да одмори 1 час.
Поделете го тестото на мали топчиња. Оставете да одморат 10 минути, развлечете со сукало или формирајте ги рачно наполнете ги и оставете да нараснат околу 1 час, премачкајте со јајца, сусам… Ставете да се печат на 200 степени додека не поруменат.
Добар апетит!