Орео корпици (без печење)
Состојки
- 150 гр мелени орео бисквити
- 100гр мелени ореви
- 50 гр шекер во прав
- 50мл сок од портокал
- кора од половина портокал(ренадана)
- 150гр бело милка чоколадо
- 15-20 корпи
- 30 гр путер
Подготовка
Декоративни и вкусни корпици..
Во длабок сад соедините ги сувите состојки освен чоколадотоа потоа додадете ги течните и добро измаесите со рака за да добиете убава мазна смеса.
Направите топчиња прилагодете спрема корпиците.
Чокладото растопете го на пареа и во секоја корпица ставете малку чоколадо, а врз чоколадото по една орео бомбица.
Оставете да се изладат и послужете .
На здравје !!!