Испечати

Солени триаголници (без миксер)

Солени триаголници (без миксер)

Состојки

  • 3 јајца
  • 50мл масло
  • 50мл јогурт
  • 9 супени лаж.брашно
  • 1 пециво
  • 1/2 китка магдонос
  • 2 моркови рендани
  • 100гр тврдо сирење рендано

Подготовка

Овие триаголници ги измислив за да го искористам апаратот бидејки ниту еднаш не направив ништо, испадна фантастичен рецепт за брзо и вкусно мезенце.
НЕМА МАТЕЊЕ!
Во длабок сад се ставаат сите состојки, се промешува убаво се посолува по вкус, но да не се претера бидејки сирењето е солено.
Апаратот го вклучуваме да загрее потоа ставаме од сместа по една супена лажица затвораме и оставаме да се пече додека добие убава румена боја.
Рецептов е топ, декоративен вкусен и брз.
На здравје !!!