Пита од просо
Состојки
- 250 гр просо
- 600 мл вода
- 4 лажици кисела павлака
- 10 лажици јогурт
- 1 лажиче сол
- 100 гр сирење
- 50 гр спанаќ или блитва
Подготовка
1. Просото го мијаме со ладна вода и го ставаме во длабок сад на оган заедно со водата. Го вариме со повремено мешање внимавајќи да не ни загори. Откако ќе се свари и водата испари го ставаме во длабок сад.
2. Спанаќот или блитвата ги обаруваме и сецкаме.
3. Во садот со блитвата ги ставаме солта, спанаќот/ блитвта, јогуртот, павлаката и дробеното сирење. Мешаме.
4. Смесата ја ставаме во огругла тава за печење бр. 28 претходно премачкана со маслиново масло. Одозгора посипуваме со мешавина од семиња. Печиме 30-40 минути на 180 степени.