Испечати

Кекс торта со мармалад и ореви

Кекс торта со мармалад и ореви

Состојки

  • 1 јајце
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици масло
  • 3 лажици мелен орев,
  • 2 лажици какао
  • 150гр брашно
  • 1 рамно лажиче сода бикарбона
  • 1 рамно лажиче пециво
  • 200гр овошен јогурт по ваш избор, кај мене цреша беше,
  • 4 лажици домашен мармалад, кај мене мешавина на аронија и боровинка
  • 1лажиче цимет
  • За прелив
  • 100гр црно чоколадо 45% к.маса
  • 2лажици масло

Подготовка

Прекрасен, кревок, попладневен десерт, од состојки кои ми се најдоа при рака.
Комбинација на неколку овошки, даде одличен вкус.

Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки, брашното, пецивото, содата, цимет, оревите,какаото.
Оставаме на страна.
Во вангличка го матиме јајцето со шеќерот до побелување.
Потоа со исклучен миксер ги додаваме овошниот јогурт, мармаладот, маслото
Убаво соединуваме, па ги додаваме сите суви состојки.
Смесата ја изедначуваме убаво со промешување.
Ја истураме во долгнавест правоаголен калап, кој е обложен со хартија за печење.
Печиме во загреана рерна на 180 с, околу 35-40 минути.
Сепак проверуваме со чепкалака.
Оставме колачот да се излади, па го прелеваме со растопеното чоколадо.
Сечиме на парчиња и послужуваме.
Јас послужив со домашно слатко од јагоди и ливчиња мента