Лиснати ролнички
Состојки
- 1 готова лисната кора
- 150 гр. тенко сечена мортадела
- 70 гр. сушени домати
- попотреба пармезан
- попотреба сушен кромид
- 1 јајце
Подготовка
Брзо, лесно и вкусно. Одлична идеја за појадок.
Загрејте ја рерната на 200°С.
Сушените домати исецкајте ги ситно. Готовата лисната кора најпрво ја премачкајте ја со разматеното јајце. Филувајте ја со тенко сечената мортадела и сушените домати, наросете ја со пармезан и сушен кромид. Од кората формирајте голема ролна, а потоа разделете ја со помош на нож на помали ролнички. Ролничките премачкајте ги со разматеното јајце и печете ги во тава за печење претходно обложена со хартија за печење додека не заруменат, околу 10 минути.