Ќофтиња од пилешки стек
Состојки
- 300гр пилешки стек
- 1 јајце
- 1 кромид
- 1 лук
- 3 лажици брашно
- 1 лажица павлака
- 1 лажиче сенф
Подготовка
Пилешкиот стек исечете го на ситни коцки. Кромидот и лукот ситно исечете ги и додајте ги кај стекот. Додајте јајце, брашно, сол, сенф, павлака, бибер и зачини. Се убаво промешајте. Додајте ситно сечен магдонос. Пржете ги ќофтињата во врел зејтин од двете страни.
Добар апетит!