Машнички кифлички
Состојки
- 20гр свеж квасец
- 1лажиче сол
- 1лажиче шеќер
- 1 јјаце
- 50гр растопен путер
- 150мл млако млеко
- околу 350гр брашно
- Малку чиа семки или афион за декорација, 1 мало јајце за премачкување
- Околу 40 гр растопен путер за премачкување на коричките.
Подготовка
Прво го активираме квасецот во млекото, додаваме шеќер и брашно.
Потоа во вангличка ги ставаме сите состојки и замесуваме средно тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Потоа го делиме на 10-14 топчиња.
Секое топче го расукуваме во мало округло кориче.
Тенко го премачкуваме со растопениот путер.
Го преклопуваме на половина,
Правиме два засеци како на сликата.
Потоа го земаме едниот крај и го носиме до средината, па и другиот крај го носиме до средината, притискаме малку за да не се разделат во печењето.
Парчето, пресеченото, кое ни останува го завиткуваме нанадвор( види на сликата)
Ги редиме во плех машничките.
Киснат 15 минути, па ги премачкуваме со јајце, наросуваме чиа или афион и ги печиме во загреана рерна на 200 степени до заруменување.