Испечати

Триаголници со кондензирано млеко и чоколадо

Триаголници со кондензирано млеко и чоколадо

Состојки

  • 1/2 лименка засладено кондензирано млеко
  • 100 гр црно чоколадо со 72% какао и парченца портокал
  • 60 гр млечно чоколадо
  • 20 гр путер
  • 50 гр кандирани вишни
  • 60 гр крупно сецкан лешник
  • Малку сол

Подготовка

Празници се ближат, па еве од мене предлог за превкусни колачи, кои пленат со својот вкус и арома. Во една касерола ги ставаме двете врсти на чоколадо, путерот и кондензираното млеко. Ја ставаме касеролата на многу тивок оган, постојано мешаме , се додека не се спојат убаво. Од кога се споиле мешаме уште 2-3 минути. Тргаме од оган, па додаваме сецкани лешници, сецкани вишни. Соединуваме и смесата ја истураме во триаголен калап кој е обложен со фолија. Оставаме убаво да се стегни колачот, па го сечеме на парчиња. Сервираме.