Делимано торта со афион и рикота
Состојки
- За бисквит
- 3 јајца
- 150 гр шеќер
- 150 мл јогурт(густ)
- 1 пециво
- 200 гр брашно
- 100 гр мелени ореви
- 100 гр афион
- За фил
- 700 гр несолена урда (рикота)
- 200 гр шеќер во прав
- 80 мл млеко
- 80 гр шлаг во прав
- 1 ванила стапче
- кора од 1 лимон
- 100 гр бело чоколадо
- Дополнително
- 480 гр џем од шумско овошје
- За украсување
- 100 гр шлаг во прав
- 80 мл млеко
Подготовка
Среќен роденден Делимано!
Тортава ја подготвив со голема љубов, а сакав да биде и нешто несекојдневно...
Се одлучив за крцкава торта премачкана со фил од крем сирење, во мојот случај урда и освежена со џем од шумско овошје...
Подготовка на бисквит
1. Ги двоиме жолчките од белките и ги ставаме во два сада.
2. Белките ги матиме со прстофат сол да побелат, па додаваме половината од шеќерот. Матиме додека да станат цврсти и да не паѓаат од садот кога ќе го превртиме.
3. Жолчките ги матиме со другата половина од шеќерот, додека да станат светло жолти па го додаваме јогуртот, соединуваме.
4. Ги додаваме пецивото и брашното, матиме со миксер.
5. Од белките постепено додаваме кон жолчките и соединуваме со помош на шпатула, внимателно, со кружни движења за да ни остане воздушеста смесата.
6. Откако сме ги соединиле состојките додаваме афион и мелени ореви, соединуваме.
7. Смесата ја распоредуваме на намрсено и набрашнето тавче со обрач бр. 22, печеме во загреана рерна на 180 степени со вентилатор, околу 25 минути..
8. Го ладиме бисквитот и го сечеме на три дела.
Подготовка на фил
1. Во еден сад ставаме урда, семе од ванила, кора од лимон, млеко, шлагот и шеќерот во прав.Матиме со миксер да се соедини и згусне целата смеса.
2. Го растопуваме белото чоколадо на пареа или во микровална печка.
3. Го додаваме кон соединетата урда и повторно матиме.
Филување
1. Во калапот со обрач ставаме еден дел бисквит, па фил од урда, па распоредуваме овошен џем, повторно бисквит, фил, џем и накрајот бисквит и само одозгора фил.
Ја оставаме во фрижидер да се соединат вкусовите.
За украсување
1. Матиме шлаг и ја премачкуваме целата торта која сме ја извадиле од калапот т.е. сме и го отстраниле обрачот. Ја посипуваме со какао.
2. Дел од шлагот го ставаме во шприц и ја декорираме по вкус и желба.
Забелешка
Во филот освен урда може да ставите крем сирење или маскарпоне.