Испечати

Лепчиња со концентрат од домати

Лепчиња со концентрат од домати

Состојки

  • 550гр. брашно
  • 6гр. свеж квасец
  • 40мл. маслиново масло
  • 10гр. сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 50гр. концентрат од домати (тројно концентриран)
  • по потреба(околу 200-250мл) вода

Подготовка

Рстворете го квасецот, шеќерот и концентратот од домати во млаката вода.
Во сад ставете го брашното, маслото и солта.
Постепено додавајте од водата со растворениот квасец, шеќер и концентрат и замесете тесто.

Покријте го тестото со крпа и оставете да стасува околу 45 минути.

Од стасаното тесто формирајте топчиња(лепчиња).
Оставете ги да стасуваат покриени уште 1 час.

Пред печење премачкајте ги со маслиново масло.

Печете на 180 степени, околу 20-30 минути, зависно од вашата рерна.