Бесквасна фанурија
Состојки
- 2 чаши брашно
- 1 лажиче сода бикарбона
- 1 пакетче портокал шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1/2 чаша кафеав шеќер
- прстофат сол
- 1 чаша вода
- помалку од половина чаша масло
- 50 гр брусница
Подготовка
Ова е прва моја Фанурија правена без квасец и искрено ме воодушеви не само со брзината и леснотијата на спремање, но и со прекрасниот вкус (а мислев дека вакви посни работи не се по мој мерак). Па, иако касно, решив да ја споделам тука, за идни прилики. A велат, Фанурија не мора да се прави исклучиво за самиот празник, ами било кога и да посакаш.
Ставете ја рерната да се загрее на 200С.
Се мешаат сувите состојки, па во нив се додаваат водените.
Кога масата ќе стани компактна се истура во намастен и набрашнет калап.
Се става во рерната и се намалува на 180С веднаш.
Се печи околу 35 минути зависно формата на калапот.
Печената Фанурија се посипува со шеќер во прав и се декорира по желба.
*Оваа е мала доза. Јас печев две мини форми. Едната од нив беше мини куглоф со пречник од 10на см отприлика и уште едно мини на откопчување. Ако се решите да правите по рецептот со стандардна големина дуплирајте ги состојките.