Испечати

Сир торта со капини и чоколадо

Сир торта со капини и чоколадо

Состојки

  • За кекс
  • 200 гр брашно
  • 20 гр какао
  • 100 гр шеќер
  • 1/2 пакетче прашок за печење
  • прстофат сол
  • 150 мл вода
  • 100 мл масло
  • сок од 1 лимета
  • За фил дел
  • 1 пакетче прашок за пудинг од ванила
  • 300 мл млеко
  • 70 гр шеќер
  • 200 гр крем сирење
  • За чоколаден топинг
  • 250 мл слатка павлака
  • 200 гр чоколадо
  • 250 гр капини

Подготовка

Прво го приготвуваме тестото, т.е. кексот.
Посебно се мешаат сувите состојки, а посебно водените. Потоа се се меша заедно.

Калап бр 24 се намастува и набрашнува и во него се истура половина од тестото.
Се печи во загреана рерна на 190С 8 минути.

Од млекото прашокот за пудинг и шеќерот се вари пудинг крем.
Кога е готов, се трга од рингла и во него се меша крем сирењето.
Кремот се премачкува врз првиот дел од потпеченото тесто, а над него се мачка слој од останатиот дел смеса за тесто, па се враќа во рерна, сега веќе намалена на 170 С и се печи 25 минути.

Додека се печи тортата, ја спремаме чоколадната глазура.
Слатката павлака ја загреваме и во неа го кршиме чоколадото. Мешаме до соединување и мазна структура.

Се остава да се лади додека се печи тортата, а потоа откако ќе е печена се остава уште 10-15 мин и таа да подолади и се истура одозгора.

Врз чоколадната глазура се редат капините.
Тортата се остава во фижидер убаво да се здрви пред служење.