Испечати

Слатко од зрели смокви

Слатко од зрели смокви

Состојки

  • 1 кг. зрели смокви
  • 1 кг. шеќер
  • 800 мл. вода
  • 5 гр. лимонтус
  • 1 лажица сода бикарбона

Подготовка

Ова ми е омиленото слатко, штета што зрелите смокви ги има краток период, едноставно морав да ги искористам.
Овој пат смоквите се од една прилепска смоква (добро е што ја открив ха ха), а по изглед се крушковидни како оние од Домашното слатко од крушковидни смокви на Катерина.

- Смоквите ги ставив во сад со вода и сода бикарбона, да спомнам дека смоквите треба да се средно меки, ни многу тврди ни многу меки.
- Потоа ги исплакнав и им ја излупив лушпата, а ќе потенцирам дека овој вид на смокви при лупењето не ми се распаѓаа.
- Водата и шеќерот се ставаат на оган, да врие 7-8 минути и се ставаат смоквите.
- Се вари на среден оган со повремено протресување, се собира пењата.
- После 1 час и 30 минути се става лимонтусот и се вари уште 30 минути.
- Се собира веднаш жешко во теглички бидејќи кога ќе излади, слаткото ќе желира.
- Тегличките ги стегаме убаво, ги превртуваме наопаку и ги завиткуваме со некоја крпа, оставаме така додека да се изладат сосема.