Испечати

Делимано роденденска чоколадна торта

Делимано роденденска чоколадна торта

Состојки

  • тесто- состојки за 1 кора, потребни се две кори
  • 125гр путер
  • 100гр шеќер
  • 2 јајца
  • 150гр брашно
  • 2лажици просеано какао
  • 200мл јогурт на собна температура
  • 1/2лажиче пециво
  • фил
  • 500гр маскарпоне
  • 2-3лажици шеќер во прав
  • 170гр темно чоколадо, 45% како маса
  • 200мл слатка павлака
  • за декорација, малку растопено темно чоколадо

Подготовка

Среќен роденден Делимано и уште мноооогууу години да славите родендени, вие и ние заедно на оваа убава страна.
Подготвив нешто мнооогуууу вкусно, чоколадно, издашно и богато на вкус.

Состојките за тесто јас ги дуплирав веднаш и печев во голем правоаголен плех
Вака ми беше попрактично, за да добијам убави правоаголни парчиња..

Во вангличка се става путерот и шеќерот и се мати 2 минути.
Потоа се додаваат едно по едно јајце и убаво се мати смесата.
Се додава јогуртот и сувите соединети состојки.
Убаво смесата ја соединуваме со шпатула.
Ја истураме во плех обложен со хартија.
Печиме одприлика 12-13 минути.
Оставаме испечената кора да се излади, па ја делиме на два дела.
Во касерола ја загреваме слатката павлака.
Го додаваме искршеното чоколадо. Тргаме од оган и убаво соединуваме.
Сега маскарпонето го матиме со шеќерот во прав и во тенок млаз и со најмала брзина на миксерот го соединуваме со подготвениот и изладен ганаш.
На даска за колчачи ставаме кора, па обилно фил, кора, фил.
Ја Декорираме тортата со растопено чоколадо и оставаме во фрижидер 1 час, па го сечиме на штангли.

Секако дека тортата може да се подготви и во округла тава бр24, каде може да се испечат една по една 2 кори.
Напоменувам, дадените состојки за тесто се однесуваат на една кора