Печен лосос со магданос и лук
Состојки
- 600 гр лосос
- зачин медитеранска мешавина
- сол по потреба
- 1/2 кафена лажица црн бибер
- 1/2 китка магданос
- 3 чешниња лук
- 50 мл маслиново масло
- 1 лимон (сокот)
Подготовка
Подготовка
Измијте го лососот, посолете го убаво и оставете го да одмори околу пола час.
Лососот наредете го во намрсена тава за печење. Одозгора на секое парче ставете по малку медитеранска мешавина, црн бибер, магданос и сецкано лукче.
Врз секое парче ставете маслиново масло.
Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и печите на 200 степени околу 20 мин.
Пред да ги извадите, додадете и еден сок од лимон.
На здравје
Забелешка
Може да се сервираат со варен ориз со маслиново масло и зачин по желба.