Испечати

Басбоуса арапски парен колач

Басбоуса арапски парен колач

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 филџан (250мл.)шеќер
  • 1 филџан јогурт
  • 1/2 филџан масло
  • 1 филџан гриз
  • 1 филџан брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 1 филџан кокос
  • шербет
  • 2 филџана шеќер
  • 1 филџан вода
  • 1 лимон(сок и сецкана кора)
  • 1 филџан = 75мл

Подготовка

Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќер и додадете ги останатите состојки. Истурете во плех обложен со хартија и печете на 200 степени околу 30 минути.

Во меѓувреме сварете сируп од шеќер и вода, додека да зоврие, па потоа додадете сок од лимон и гответе уште околу 5 минути.

Врелиот колач прелијте го со сирупот и оставете добро да впие и да излади, па потоа сечете на коцки.

Колачот посипете го со кокос или по желба со некој ориентален зачин...цимет,кардамон,каранфилче...
На здравје