Кинеска салата
Состојки
- 1 чаша ориз, варен и цеден
- 100 гр кашкавал-сецкан
- 100 гр салама-сецкана
- 150 гр бело сирење-дробено
- 5-7 кисели краставички-сецкани
- 100 гр мелени ореви
- 5-6 чешниња лук толчен (или можи во прав)
- 2 кисели павлаки
Подготовка
Сите состојки се мешаат заедно и се додава малку сол, по вкус.
Се става во помали чинивчиња, а одозгора се премачкува со павлака и се украсува по желба.
Се чува во фрижидер.
Добар апетит!