Намаз со црвени пиперки (сурово, веган, посно)
Состојки
- 2 црвени пиперки (капија)
- 1 мало морковче
- 1/2 помал домат
- 1 лажичка маслиново масло
- 1/8 лажичка хималајска сол
Подготовка
Овој намаз е вегански и суров, сите состојки се сурови, па така ги содржи сите нутритивни вредности.
Зеленчукот се мие, се чисти и се сечка во малата чаша од Нутрибулетот, на доматот му ја лупиме и лушпата.
Се додаваат солта и маслото, се блендира и веднаш се јаде.
Може да се стават и други мирудии и да се дотера по сопствен вкус.
Се конзумира веднаш.