Лепчиња со микс семки и маслинки
Состојки
- 500 гр бело брашно
- 1 кафена лажица сол
- 1 пециво
- 1 рамна кафена лажица сода
- 1 лажица семки од тиква
- 1 лажица ленено семе
- 1 лажица лупен сончоглед
- 1 лажица сусам
- 2 лажици сецкани маслинки каламата
- 250 мл млака вода
- 50 мл маслиново масло
Подготовка
Превкусни, меки и ароматични лепчиња (без стасување на тестото)
Подготовка
Во длабок сад ставете ги сувите состојки и промешајте со лажица.
Додадете ги водата и маслиновото масло и замесете меко тесто.
Од добиеното тесто направете топчиња и наредете ги во набрашнета тава за печење.
Печите на 200 степени додека да заруменат убаво одозгора.
Добар апетит