Чоколадни бомбици со вкус на јагода
Состојки
- 3 лажици слатка павлака
- 1лажица шеќер во прав
- 30гр путер
- 100гр црно чоколадо
- 100гр мелен орев
- 60-80гр мелена плазма бисквити
- 2лажици чоколаден ликер
- 100гр чоколадо за потопување, со вкус на јагода
- 3 лажици масло
Подготовка
Во мала касерола на мнооогу тивок оган оставаме да се соединат слатката павлака, путерот, шеќерот во прав и чоколадото.
Од кога смесата е изедначена тргаме од оган и додаваме чоколаден ликер.
Промешуваме.
Сега додаваме мелени ореви, соединуваме убаво.
На крај додаваме и мелените бисквити.
Соединуваме.
Оставме 10 минути во фрижидер за да малку смесата се стегни.
Со дланките формираме бомбици.
Во сад го растопуваме чоколадото со вкус на јагода заедно со маслото.
Секоја бомбица ја потопуваме во растопено чоколадо.
На крај правиме нежна декорација со чоколадото кое ни останало.
Оставаме во фрижидер да се стегнат , околу 30 минути, па ги ставаме во хартиени кошнички и послужуваме.