Кори (јуфки)
Состојки
- 20 јајца - Л големина
- 2.5 лажици сол
- 200 мл. млеко
- 2,5 кг. брашно
Подготовка
Секоја домаќинка има свој рецепт за кори, јас ги правам вака
Од наведените состојкисе замесува тесто на јако,треба убаво да се измеси,па се дели на 2-3 дела.Се оформуваат во ваљак,малку се сплескуваат, се премачкуваат со малку масленце.
Се покриваат со најлонска фолија.
Се зема еден дел, се сечи на парчиња со дебелина од еден прст.
Се поминуваат на машина на 2-ка, 4-ка, па на 6-ка на најслабо.
Се сушат.
?
п.с.Овде е доза од 64 јајца...