Испечати

Солило за пиперчиња туршија

Солило за пиперчиња туршија

Состојки

  • 4 л. вода
  • 1 л. 9% алкохолен оцет
  • 13 лажици сол крупна
  • 5 лажици шеќер
  • 1 винобран
  • по потреба пиперчиња

Подготовка

Време им е!
Во ладна вода се раствораат наведените состојки за солилото со мешање.
Пиперчињата кои претходно се убаво измиени, потсечени во рачките и убаво наредени во тегли, се полеваат со готовото солило.
Толку!

Пиперчињата се околу 4 кг., а може и повеќе, зависно од тоа како се наредени во теглите и од самата нивна големина.