Намаз од печени пиперки со варено јајце и сирење
Состојки
- 500гр црвени пиперки
- 1 чаша јогурт или кисело млеко
- 150гр сирење по ваш избор
- 200гр мајонез
- 4 тврдо варени јајца
Подготовка
Прво ги печеме пиперките. Јас ги печам во рерна, некако ми се повкусни.
Во меѓувреме ги вариме јајцата.
Во рачна или електрична мелница ги мелиме пиперките, во рачен сецко ги мелиме јајцата и заедно ги мешаме во поголем сад.
Го додаваме ренданото сирење, јогуртот, мајонезот, магдоносот и мешаме со поголема лажица.
Комбинирајте со крекери.
Рецептот го најдов во скриената тетратка со рецепти на мојата мајка, и верувајте, повкусен намаз немам пробано.