Испечати

Тирамису колач (без печење)

Тирамису колач (без печење)

Состојки

  • 400 мл варено кафе
  • 3 жолчки
  • 7 лажици шеќер
  • 3 белтоци
  • прстофат сол
  • 250 гр маскарпоне
  • 250 гр слатка павлака
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 400 гр пишкоти
  • по желба какао

Подготовка

Вкусен и лесен десерт кој вреди да го направите.
1. Прво се вари кафето и се лади.
2. Во сад се матат жолчките со шеќерот. Потоа се додава во нив маскарпонето и постепено се додава изматената белка.
3. Во друг сад се мати слатката павлака заедно со 3 лажици прав шеќер. Се мешаат двете смеси.
4. Пишкотите се макаат во кафе се редат во два реда по 11 пишкоти. Врз нив се става половина од филот, уште еден ред пишкоти и фил. Одозгора се наросува со какао. Треба добро да се олади за да се добие оној вистинскиот вкус кој плени.