Испечати

Лутенка

Лутенка

Состојки

  • 5 кг црвени пиперки за ајвар
  • 2 1/2 кг домати
  • 200 мл винска киселина
  • 300 мл масло
  • 120 гр шеќер
  • лук по желба
  • 1 китка магданос

Подготовка

1. Доматите се засекуваат и се лупат.
2. Во длабок лонец се става киселината, маслото,шеќерот и доматите и се пржат околу 25мин.
3. На страна се печат пиперките се лупат и се сечкаат. Кога се згуснати доматите се додааат пиперките и се пржат уште 30мин. На крајот се додава лукот и магданосот. Се собира во врели чисти тегли.