Бомбици со путер од кикирики и овесни снегулки
Состојки
- Состојки
- 2 лажици мед
- 4 лажици путер од кикирики
- 50 гр стопена чоколада за готвење
- 8 лажици овесни снегулки
- 3 лажици сечени лешници
- За валкање на бомбиците
- 50 гр чоколада за готвење
- 1 лажица зејтин
- 3 лажици сечени лешници
Подготовка
Најпрво ја топеме чоколадата на пареа. Во еден сад ставаме мед, путер од кикирики, овесните снегулки, сечените лешници и полеваме со чоколадата. Мешаме се заедно и правиме бомбици. Ги ставаме на кратко во фрижидер, а за тоа врема ја топиме чоколадата со 1 лажица зејтин. Малку да олади и ги валкаме бомбиците во чоколадата, а одозгора ставаме сечени лешници. Потребно е барем кратко да се држат во фрижидер и потоа можат да се служат. Отидоа за едно служење.