Испечати

Брзи крокети со инстант пире

Брзи крокети со инстант пире

Состојки

  • 150гр пире или две кесички инстант пире
  • 90гр пченкарен скроб (нишесте)
  • 30гр рендан пармезан
  • 1 лажичка сол (околу 7 грама)
  • 580мл вода
  • масло за пржење

Во голем сад истурете ја подготовката за пире од компири, додајте го нишестето, пармезанот и солта, измешајте додека не се измешаат сите состојки.Додадете ја водата и измешајте додека не се добие хомогена смеса која да биде цврста и податлива за работа. Се зема од тестото и мегу дланките се формиаат мали топчиња. Откако сте ги формирале ставете да се пржат во загреано масло за кое идеална температура е 170-180 степени. Превртувајте ги како би се испржиле едмакво од сите страни, вадете на салвета како би се впил вишетокот на мсаслото.
Овие топчиња или полпети од компир мене ми се повкусни топли.