Хумус од наут,семки од тиква и босилок
Состојки
- Состојки
- 200 гр сварен наут
- 3 лажици семки од тиква
- 1 лимон(сок од лимонот)
- 2 гранчиња свеж босилок
- 3 лажици маслинов зејтин
- сол по вкус(1/2 лажичка)
Подготовка
Едноставно, здраво,вкусно,како салата, како намаз, по ваша желба. Сварениот наут, семките од тиква, босилокот, сокот од лимон, маслиновиот зејтин и сол по вкус се ставаат во блендер и се блендира до саканата густина. На здравје.