Штрудлички со мармалад
Состојки
- 250 гр путер
- 180 гр кисела павлака
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 500 гр брашно
- 1 мала лажичка печиво
- 3 лажици шеќер
- Полнење
- мармалад од портокал,шипка или лешник крем
- шеќер во прав за наросување
Подготовка
Меки, вкусни,ароматични....едноставно се топат во уста.
Од сите наведени состојки за тесто се убаво мазно тесто.
Се сучи правоаголна кора која ја сечеме на 6 ленти,одприлика со околу 7 цм ширина.Во средината на секоја лента ставаме мармалад по избор(кај мене домашен мармалад од портокали и од шипка и една лента со нутела) Краевите на лентите се виткаат навнатре и со прсти се лепи тестото за да се формира ролат.Се реди во плех со страната од каде што е виткан ролатот надолу.Се сечат парчиња од околу 8 цм и се печат во загреана рерна на 180 степени петнаесетина минути.
Печените штрудлички додека се топли обилно се посипуваат со шеќер во прав.
На здравје!