Испечати

Салата од модар патлиџан

Салата од модар патлиџан

Состојки

  • 1 модар патлиџан
  • 250 гр бело сирење
  • 1 лажичка макало од лук
  • кисела павлака неколку лажици
  • едно чешне лук
  • сол и бибер

Подготовка

Превкусна салата или прилог....
Модриот патлиџан исечете го на тркалца и пржете го на малку масло од двете страни.
Потоа пржениот патлиџан го сецкаме на ситни парчиња. Додаваме ситно сецкано чешне лук и рендано сирење.
Го дадаваме макалото и павлаката убаво мешаме и салатата е готова.
Зачинуваме според вкусот, јас со свежо мелен црн бибер и сол.
На здравје!