Испечати

Овошно парфе (без печење)

Овошно парфе (без печење)

Состојки

  • 2 ќесички шлаг
  • 220 мл млеко
  • 250 грама бисквити
  • 150 грама малини
  • 2 банани
  • 50 грама чоколадни капки
  • 4 лажици сецкан орев

Подготовка

Ќесичките шлаг се матат со млекото со најголема брзина на миксерот.
Бисквитите ги кршиме, не премногу ситно и ги додаваме во шлагот ги додаваме оревите и чоколадните капки.
Мешаме се заедно.
На крајот ги додаваме исечените банани и малините, лесно промешуваме и внимаваме премногу да не ги иситниме бисквитите.
Во правоаголен калап обложен со стреч фолија ја истураме смесата и рамномерно ја распоредување во калапот и одозгора ја покриваме со фолија.
Во замрзнувач ја оставаме околу 5-6 часа.
Откако ќе отстои во замрзнувач се декорира по желба.