Паштета со црвени пиперки и ореви(посно, веган)
Состојки
- 1 црвена пиперка (250-300 гр)
- 100 гр ореви
- 2 печурки шампињони
- 1 кисела краставичка
- 1 лажичка сенф
- неколку листа магдонос
- 2 лажички лимонов сок
- 3-4 лажици масло
- сол, буковец, кари, куркума, бибер и други зачини по желба и вкус
- малку вода по потреба
Подготовка
Што би рекле „полесно-Здравје“...
Подготовка
Пиперката ја печеме и ја лупиме. Сите состојки ги ставаме во блендер или сечко и ги мелеме до измазнување на смесата. Пробуваме на вкус, ако има потреба додаваме зачини по желба и повторно блендираме. Паштетата ја сервираме ја накапуваме со маслиново масло, наросуваме црвен пипер или буковец и дегустираме.