Испечати

Пита со капини

Пита со  капини

Состојки

  • Кора
  • 125 гр путер
  • 80 гр шеќер
  • 250 гр брашно
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • 1/4 лажичка прашок за печиво
  • Фил
  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 400 мл кисела павлака
  • 400 гр диви капини

Подготовка

Совршена е,се топи во уста!
За подготовка на кората во сад ставете ги брашното,шеќерот,солта,печивото.Замрзнатиот путер изрендајте го и замесете.Додате го јајцето и замесете мазно тесто.Веднаш сукајте тенка кора колку плехот во кој ќе печете(јас печев во плех за тарт или пица).Распоредете го тестото во плехот и ставете го во замрзнувач.
Во меѓувреме за филот се пенасто матат јајцата со шеќерите па се додава павлаката и убаво се меша.
Го вадиме плехот од фрижидер и врз тестото го нанесуваме филот па редиме капини.
Питата ја печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
На здравје!