Сарми од тиквички со мелено месо и булгур
Состојки
- 4 тиквички
- 250 гр мелено месо
- 1/2 чаша булгур (чаша од 200 мл)
- 1 кромид
- 10 ленти чадена сланина
- 300 мл сок од домати
Подготовка
Тиквичките измијте ги и исечете ги на тенки ленти.
Булгурот попарете го со врела вода и оставете го да набубри.
Сланината и кромидот ситно исечкајте ги и испржете ги на малку масло.
Во меленото месо ставете зачини по вкус, додајте го исцедениот булгур и сланината со кромидот. Убаво измесете ја смесата.
На секоја лента од тиквичките ставете по 1 лажица од месото и свиткајте во ролатче. Наредете ги сите во земјена тава. Одозгора прелијте ги со доматите и малку масло, покријте ја тавата со алуминска фолија и ставете ја да се пече отприлика 1 час. На крајот извадете ја фолијата за да се запечат малку одозгора.
На здравје!