Испечати

Толчен пинџур со пиперки, модри и црвени домати

Толчен пинџур со пиперки, модри и црвени домати

Состојки

  • 1 кг пиперки
  • 4 црвени домати
  • 2 модри патлиџани
  • 100 мл масло
  • 3 чешниња лук
  • сол по потреба

Подготовка

1. Се печат пиперките, доматите и патлиџанот и се лупат.
2. Во аван се толчи лукот со солта.
3. Во аван се толчат пиперките, доматот и патлиџанот.
5. Се мешаат сите состојки и уште еднаш се толчи.
6. На страна се загрева масло и се истура врз пинџурот.
На здравје!!!
ПС
- Имам правено и со мелени пиперки, домати и патлиџани, ама не е тоа тоа. Значи само толчени.