Испечати

Брзи шпагети со босилек и шери домати

Брзи шпагети со босилек и шери домати

Состојки

  • 200 гр шпагети
  • За сос
  • 250 гр шери домати
  • 5 гранчиња босилек свеж
  • 3-4 чешниња лук
  • 150мл маслиново масло
  • 4-5лажици сос од домати

Подготовка

Рецептот го добив од сестра ми. Ми го кажуваше постојано како нејзин омилен.
Решив да го приготвам, а впечатокот да го споделам со вас.

Во загреано маслиново масло ги запржуваме шери патлиџанчињата.
Не пржиме долго за да останат цели. Го додаваме ситно сецкано лукче.
Штом добие стаклена боја го додаваме и босилекот и благо промешуваме.
Се додава пирето од домати.
Замешуваме да се соедини и зачинуваме со сол и бибер.

Забелешка
Во оргиналниот рецепт стоеше дека босилекот треба да биде само искинат на ливчиња, така на јадро, а јас го исецкав на ситно.
Тука ја направив грешката, зашто при пржењето, босилекот се стопи.
Значи како поука следниот пат ќе ги ставам цели листови.