Испечати

Солени мафини со кисела павлака

Солени мафини со кисела павлака

Состојки

  • 1 јајце
  • 1 лажиче сол
  • 1/4 лажиче свежо мелен бибер
  • 90мл масло
  • 120гр кисела павлака
  • 1 лажиче пециво
  • на врвот на ножот сода бикарбона,
  • 100гр бело брашно
  • 2 лажици полни со врв ржано брашно, не е задолжително, може и бело
  • 1 морков
  • 1 лажица урда
  • 7-8 листови бланширана и исцедена блитва

Подготовка

Во вангличка ги ставаме јајцето, солта, биберот.
Матиме додека смесата не побели.
Со исклучен миксер додаваме масло, кисела павлака, пециво, сода, двата вида на брашно, сецканиот морков, сецканата блитва и урда.
Убаво со помош на лажица ја сооединуваме цела смеса.
Ја распоредуваме смесата во калапи за мафини, може во 6 поголемки или 8 средни калапи.
Печиме во загреана рерна на 180 м околу 25 минути.
Испечените мафини ги оставаме да се изладат, па ги сервираме.