Смути со диња и шумско овошје
Состојки
- 1 парче диња со семки
- 1 лажица чиа семе
- 1 лажица мед
- 2 лажици суво грозје
- 1 рака шумски плодови (аронија, боровинки, капини, малини)
- вода по потреба
Подготовка
Семките од диња се стар лек за ослободување/олеснување од кашлање/кашлица и инфекции на дишните патишта. Затоа кога подготвувам диња или лубеница најчесто ги блендирам заедно со семките кои ги содржат.
Во чашката за блендирање ги ставаме сите наведени состојки и го вклучуваме Multifresh Вакум блендерот и протекторот на хранливи состојки. Кога тој за кратко време ќе си ја заврши работата добиваме екстра пијалок со одлична боја и вкус. Ако блендирате во ваков вакуум апарат составот нема да се измени и ако смудито го подготвите и од навечер. Хранливите состојки не оксидираат и наутро не се задржуваме околу подготовката.
Се разбира дека може да си го подготвите и во вашот домашен блендер или Нутрибулет.