Бухтли со урда (со маџун и сусам)
Состојки
- За тесто
- 520 гр брашно
- 10 гр сув квасец
- 350 мл млако млеко
- 80 мл масло
- 2 лажички шеќер
- 1 лажичка сол
- За полнење
- 200 гр урда
- 1 јајце
- За валкање
- 2-3 лажици маџун
- 4-5 лажици вода
- 100 гр сусам
Подготовка
Бухтли кои потсетуваат на турско пециво....Особено меки и вкусни.
Подготовка
1.Се замесува тесто со сите состојки и се остава да стаса, да се дуплира.
2. За фил урдата ја соединуваме со јајцето. Маџунот го раствораме во вода и во еден сад го ставаме сусамот. Тавата бр 26 ја премачкуваме со масло.
3. Откако ќе стаса тестото се размесува и се рассукува со дебелина од 1 до 1,5 см. 4. Се вадат кругови на кои се става од филот, се затвораат во топка, внимателно ги собираме од страните на едно место и тестото го прилепуваме едно до друго за да не ни се отвораат. Страната каде е спојувано ќе биде одоздола во тавата.
5. Секое топче го макаме во растворениот маџун па во сусам и го редиме во тавчето.
6. Стасува додека ја загреваме рерната на 180 степени, а печеме до поцрвенување на бухтлите.
Забелешка
Ако имате Делимано тава не треба со ништо да ја премачкувате, не се лепи тестото во неа.