Испечати

Панакота торта со малини и чоколадо (без печење)

Панакота торта со малини и чоколадо (без печење)

Состојки

  • За кора
  • 300гр мелени бисквити
  • 100мл слатка павлака
  • 50мл млеко
  • За бел фил
  • 250мл слатка павлака
  • 100гр кисела павлака (дополнително)
  • 100гр бела чоколада
  • 10гр (едн опакување) желатин во прав
  • За фил од малини
  • 300гр малини (замрзнати)
  • 4лажици шеќер
  • 10гр желатин во прав
  • За чоколаден фил
  • 300мл слатка павлака
  • 100гр кисела павлака (дополнително)
  • 100гр темна чоколада за готвење
  • 10гр желатин во прав
  • декорација по желба

Подготовка

Постот помина, мислам дека е време да се освежиме со нешто навистина вкусно и освежително.
Да бидам искрена рецептов го видов во еден весник и решив да си направам и јас со мали измени.

За кора
Во сад загрејте ја слатката павлака заедно со млекото, доволно да стане млака.
Прелијте преку мелените бисквити и добро измешајте.Во калап 21 (тавата за чизкејк на делимано) обложете со хартија за печење и нанесете ја бисквитната смеса.

За белиот фил
потребно е да ја загрееете слатката павлака,додајте ја чоколадата и мешајте додека се растопи, во меѓувреме спремајте го желатинот според упатството и додајте го во слатката павлака. Откако ке се излади можете да додадете и кисела павлака.
Белиот фил прелијте го преку кората од бисквити и оставете во фрижидер да се стегне. (околу1-2часа)

За филот од малини
Желатинот спремете го според упатството.
Во сад ставете ги малинките, прелиј те ги со шеќер, и ставете ги на оган. Откако ке добиете смеса како мармалад, одприлика 10 мин, додајте го желатинот и мешајте додека се растопи. Оставете малку да се излади од прилика 20 мин и прелијте преку белиот фил и оставете да се стегне.

За чоколадниот фил
желатинот со 4 лажици вода оставете го да набубри.
Загрејте ја слатката павлака, додајте ја чоколадата и мешајте додека се растопи. По желба додајте екстракт од ванила.
Додајте го желатинот и мешајте додека и тој не се растопи.
Оставете малу да се излади околу 20мин и ставете кисела павлака.
Откако филот од малини ке се стегне додеајте врз него чоколадниот фил.

Ставете во фрижидерда се стегне.
Декорирајте во ваша желба, бонбони, слатка павлака..