Испечати

Ладно предјадење од печени пиперки и урда

Ладно предјадење од печени пиперки и урда

Состојки

  • 1 голема , црвена пиперка капија
  • 1 лута пиперка
  • 1лажица маслиново масло
  • 1/2лажиче сол
  • 1/4лажиче свежо мелен бибер
  • 1/4лажиче сок од лимон
  • 1 рака сецкан магдонос
  • 2лажици урда
  • 1лажица кисела павлака
  • 1/2лажиче триена сол
  • 1/4лажиче сенф
  • 1/4лажиче свежо мелен бибер

Подготовка

Предјадењево е прекрасно како на изглед, така и на вкус.
Пробајте го.

Прво пиперките ги печиме и ги оставаме во најлонска кеса да одстојт, за полесно да се излупат.
На излупените пиперки им го одстрануваме семето и ги оставаме да одстојат во цедалка, со цел да излези секоја капка вода што ја содржат.
Потоа ги ставаме пиперките во чашата на нутрибулет, додаваме маслиново масло, сол, бибер, лимон.
Со кратки пулсирања убаво ја изедначуваме смесата.
Јас сервирав во чаша.
Врз слојот со пиперка обилно нанесуваме сецкан, свеж магдонос,
Во мал сад на страна ги соединуваме урдата, киселата павлака, сол , ако има потреба, бибер, триена сол и сенф.
Изедначуваме.
Овие соединети состојки ги нанесуваме врз слојот со магдонос.
Израмнуваме, на површината посолуваме триена сол, декорираме со ливчиња магдонос, цветче циклама...
задолжително оставаме да одстои во фрижидер барем 30 минути, за да се спојат вкусовите, па сервираме.

Забелешка- може да се подготви поголема количина од ова мезе.
На дното на подлабок сад може да се нанеси слојот со пиперки, па сецкан магдонос, па слој со урда...но тоа зависи од вашите потреби.